Проданоски: Оваа година имаме големи очекувања за едно подобро и поубаво време кое доаѓа за нашите граѓани

Сподели го ова:
















Традицијата секогаш е поврзана со верата која што е оној основен-суштински двигател на нашата библиска-историска земја, земја каде што корените говорат за нашиот македонски народ кој што постоел со векови. Велат, почетокот на секоја година добро е да започне со среќа, не само за самите нас, туку и за сите наши сограѓани, бидејќи залудно е се ако ние имаме многу-а другите немаат ништо, добро е да се дели, да се помага на својот народ, и да се штитиме сите ние кои живееме на ова убаво библиско парче земја. А кога станува збор за нашата земја, ВМРО-ДПМНЕ од секогаш била партија која што се движи по правилниот пат за доброто на народот, и за зачувување и негување на нашата традиција. Кога станува збор за традицијата, како што напоменавме во претходната наша објава, денеска Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп ја продолжи традицијата на вртење на бурек со паричка за празникот Василица. На оваа средба освен Претседателка на УЖ при ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп и Градоначалникот Јовчески, присуствуваше и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Дејан Проданоски, кој што како претседател на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп ги поздрави присутните при што истакна: “Пред се сакам да Ве поздравам и да Ви посакам здравје и успех, а воедно сакам да Ви ја честитам Новава 2022 година…Оваа година имаме големи очекувања за едно подобро и поубаво време кое доаѓа за нашите граѓани, а исто така за оваа година имаме многу работа и конкретни планови кои што преку чесен и макотрпен труд ќе ги оствариме во интерес на нашите сограѓани и нашиот Прилеп. Очекувам дека пандемијата што побрзо ќе заврши, и дека ова ќе биде последна средба под заштитни маски, а до тогаш сакам уште еднаш да Ве поздравам и да Ви посакам подобра иднина за која што заеднички ќе се бориме како за Прилеп, така и за нашата земја”-истакна Претседателот Проданоски-човекот кој што благодарение на својата чесност и искреност ужива голема доверба, не само кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и кај останатите наши сограѓани. Инаку паричката оваа година падна во ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, што подразбира среќа и берикет не само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, туку и среќа и берикет за сите наши сограѓани, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е партија која доаѓа од народот, и истата оваа партија својот правец на движење го насочува кон патот кој што води кон едно подобро и поубаво утре за сите наши граѓани.

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 6 луѓе и луѓе што стојат
Можно е да е слика од 5 луѓе и внатре







Сподели го ова:

Слични објави