“Октетот Прилеп” со својот извонреден квалитет, “ја запали” прилепската публика која пееше заедно со нив во еден глас!

Староградската прилепска музика на “Октетот Прилеп”, вчера вечерта силно “одекна” во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп. На овој концерт, Октетот Прилеп се претстави со одличен избор на убава македонска староградска музика.
Гости на концертот беа: Миле Кузмановски, Викторија Георгиоска и Белинда Ристеска.Колку за потсетување, Октетот Прилеп цели 24 години ја негува староградската песна, а воедно го претставува градот под Марковите Кули на голем број на манифестации.