Голем интерес во Штип за стендап шоуто на Никола Тодороски
По барање на штипската публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски доаѓа во Штип на 06.12.2023 во големата сала во НУЦК Ацо Шопов во Штип која со сигурност ќе биде претесна за да ги собере сите оние кои сакаат “СМЕЕЊЕ ДО СОЛЗИ”. Станува збор за неговата најнова стендап комедија “Лошо куче”, за која со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи.

Еве како што не информираат од продукцијата, постојано се бара билет повеќе за настапот на Никола Тодороски во Штип. Ова е човекот кој ги полни салите низ Македонија по 3-4 пати.
Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Србија, и каде ли уште не, каде и да се појави се бара “билет повеќе”. Сето ова е доказ дека Никола Тодороски е ЦАРОТ НА СТЕНДАП НАСТАПИТЕ ширум Македонија, а веќе извесен период неговите настапи се бараат и во Србија. Билети на билетарата во НУЦК Ацо Шопов во Штип.