Рехабилитација и нов асфалт на влезот во Прилеп од страната на Битола
Влезовите на градовите го претставуваат лицето на секоја Општина. Денес започнавме со градежните активности и подготовки за нов асфалт на дел од улицата ,,Цар Самоил” односно самиот влез на градот од страната на Битола.
Водиме грижа на сите сегменти во однос на патната инфраструктура во општина Прилеп и ќе продолжиме да делуваме и инвестираме во секој дел, во секоја населба и населено место во нашата општина Прилеп.
Одговорно и посветено! – истакнуваат од Општина Прилеп.