Убавина во Прилеп! Денеска се одржаа големите “Плазма спортски игри за млади”
Во Прилеп се одржа првата сезона од Плазма Спортските игри за млади во Македонија, каде покрај натпреварите во повеќе спортови, во преден план беа фер-плејот, дружењето и градењето вистински вредности кај младите.
Во рамките на овој настан за првпат во земјава се организираше и спортско-едукативниот проект „Zero Waste“, кој во партнерство со Coca Cola креативно ги едуцира децата за заштита на животната средина и сортирање на отпадот преку квизови и полигони. ![]()
Прв победник на овој едукативен полигон е екипата „Пеперутки“ од основното училиште „Гоце Делчев“ од Прилеп, а проектот понатаму ќе продолжи во Битола (утре 04.06.2026 и во Охрид (08.06.2026)
Свеченото отворање и палењето на спортскиот факел го означија истакнати спортисти, меѓу кои, поранешниот македонски репрезентативец и актуелен селектор на македонската кадетска ракометна репрезентација, Горан Кузманоски заедно со Даниела Проданоска, олимпијка во атлетика (Сиднеј 2000 година), Дарко Насески, олимпиец во стрелаштво (Атланта 1996 година) и фудбалерите од СОУ Ристе Ристески Ричко (учестуваа на Европско првенство во Бања Лука).
Претседателката на игрите, Елена Мицкоска, изрази големо задоволство од успехот и истакна дека проектот обезбедува бесплатен и достапен спорт за сите деца. Таа упати благодарност за безрезервната поддршка до Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за спорт и локалната самоуправа, посакувајќи им на најдобрите пласман на големото финале во Сплит.
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, им посака добредојде на учесниците од Прилеп и околните општини, нагласувајќи дека градот е горд што е центар на младинскиот спорт и дека градењето пријателства и тимски дух е многу поважно од самите спортски резултати.
Драго ми е што токму во Прилеп се одржаа Плазма Спортските игри за млади, ја поздравувам нивната мисија – бесплатен и достапен спорт за младите деца. Ова е одличен мотив за сите деца од мали нозе да стекнат здрави навивки, рече Горан Кузманоски.


















