ОВАА САБОТА Е ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО- Денот кога грозјето се благословува за јадење
Православната црква и православните верници, оваа сабота го слават празникот посветен на Преображението Господово, денот на Преображението кога небото трипати се преобразува во текот на ноќта.Во однос на празникот св.Преображение, битно е да се нагласи дека според календарот на МПЦ се нагласува дека третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и овде се преобрази пред нив.