Во Прилеп, цвеќе и огромна почит за хероите! Прилепчани го оддбележаа големиот празник, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Денеска во Прилеп, достоинствено и гордо беше одбележан 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На денешен датум со длабок наклон ги чествуваме храбрите дела на нашите предци кои со организираното македонско револуционерно движење преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ придонесоа за создавање на модерна, самостојна македонска држава.

“Како и во минатото, така и оваа година го одбележавме денешниот голем празник, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Денешниот ден е симбол за македонскиот непокор и вечниот идеал за самостојна и независна држава. Токму ВМРО претставува континуитет на македонската борба за независност, која борба многумина ја платија со сопствените животи.
На овој ден се сеќаваме на шестемина македонски патриоти, на хероите, Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев кои визијата за слободна Македонија ги обедини, а желбата за независна држава ги сплоти сите под едно знаме и под едно име Македонија!
Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба!” – порача прилепскиот пратеник Дејан Проданоски.


















