Прилепските возила денеска МВР ги праќаше на вонреден технички преглед

Сподели го ова:


























Денеска (12.10.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот, како во Прилеп, така и на територијата на цела држава. Според нашите неофицијални информации, екипа на МВР денеска во Прилеп била “стационирана” пред новата општинска зграда, од каде што ги праќала возилата на вонреден технички преглед

При контролата на ниво на цела држава биле санкционирани 60 возачи. Од нив три биле санкционирани за вршење јавен превоз без лиценца по член 284 – а од Кривичниот законик, 17 санкции поради непоседување лекарско уверение, 10 мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за возење без возачка дозвола.
Исклучени од сообраќај се три возила кои вршеле јавен превоз на патници на територија на СВР Велес, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови!




Сподели го ова:

Слични објави