Прилепските училишта станаа расадник на прекрасни млади умови кои го претставуваат Прилеп во најдобро светло секаде каде што настапуваат

Во текот на вчерашниот ден се доделија наградите на нашите најуспешни ученици, млади техничари и природници, млади истражувачи, наставници и ментори.

“Ми претставува задоволство и чест како градоначалник на општина Прилеп, што нашите училишта станаа расадник на прекрасни млади умови кои го презентираат и претставуваат Прилеп и Република Македонија во најдобро светло секаде каде што настапуваат.Честитки за сите ученици, наставници и ментори како и до Народна Техника-Прилеп, за сите успеси и искрено се надевам дека догодина повторно ќе доделиме многу признанија, пофалници и дипломи за вашите успеси” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.