Јане Ченто: Како кула од карти им се руши предметот „27-ми април“, тие што го монтираа мора да одговараат!
Јане Ченто се огласи на социјалните мрежи, при што овој пат со порака дека 27-ми април е најголемиот монтиран процес во поновата македонска историја. Еве што поточно порачува Ченто во неговата објава:
“Како кула од карти им се руши предметот 27ми Април. Стигаат пресуди дека државата, судиите и обвинителите ГИ ПРЕКРШИЛЕ ПРАВАТА НА ОБВИНЕТИТЕ. Ова е само почетокот, финалето следи за многу брзо.
27ми Април е најголемиот монтиран процес во поновата македонска историја и тие што го монтираа МОРА ДА ОДГОВАРААТ! За многу брзо од денес, кога ќе имаме нормална извршна власт, кога ќе имаме нормална судска власт и нормални обвинители , предметот 27ми Април ќе ја добие ВИСТИНАТА И ПРАВДАТА бидејќи ние, нашите семејства и македонскиот народ заслужува да ја знае вистината. Да живее Република Македонија” – истакна Јане Ченто на социјалните мрежи.