Проданоски: За нас во Прилеп, ромската заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно богатство

Сподели го ова:





























Ромската заедница претставува нераскинлив дел од нашата заедница која се темели на почитување на различностите. Општина Прилеп постојано гради општествена одговорност и рамноправни односи меѓу сите граѓаните, на взаемно почитување, разбирање и еднаквост. По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, традиционално на јарболот пред Локалната Самоуправа на Општина Прилеп, беше подгинато знамето на Ромите, а прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски упати искрена честитка до сите Роми, во која се вели:

Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!  Денешниот ден е прекрасна можност да ја прославиме богатата култура, историја и традиција на ромскиот народ. Нека овој ден биде исполнет со радост, гордост и меѓусебно разбирање.

За нас во Прилеп, ромската заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно богатство. Се сеќаваме на многубројните музичари, занаетчии и уметници од Прилеп кои со својот талент и дух го збогатиле нашиот град. Нивната музика одекнува на нашите улици, нивните вешти раце создавале убавина, а нивната енергија е дел од пулсот на Прилеп.

Да продолжиме заедно да градиме општество на еднаквост, почит и можности за сите!Среќен 8 Април!” – порача прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави