ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД: Прилепчани веќе кројат планови како ќе го искористат слободното време

Од утре започна долго-очекуваниот продолжен викенд, за кој што граѓаните со нетрпение го чекаа. Барем сега за сега, врз основа на временските прилики, и времето оди во прилог, при што потребно е само да имате добра волја и совршен план како да го испланирате продолжениот викенд кој што следува.
Продолжениот викенд е резултат на државниот празник 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба, кој оваа година се паѓа во недела, па како резултат на тоа 24-ти октомври (понеделник) ќе биде неработен ден.

















