БОЖИКНО ПАКЕТЧЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ НА БОЖИЌНАТА ЛИТУРГИЈА ВО ПРИЛЕПСКИОТ ХРАМ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” – ПАРАКЛИС

Сподели го ова:























Почитувани прилепчани, верници и драги родители, храмот „Св. Кирил и Методиј Параклис“ во Прилеп, ве поканува на божиќните богослужби и со задоволство ве известува дека секое дете кое лично ќе присуствува на Божиќната света Литургија (недела со почеток во 8.00), по завршувањето на богослужбата ќе добие БОЖИЌНО ПАКЕТЧЕ.

Советуваме децата и да се причестат. Во однос на подготовката за причест, според учењето на Црквата се препорачува децата од мали нозе да се учат на пост но, во случајов, барем последните неколку дена пред Божик. Ова не е задолжително за децата до седумгодишна возраст. Убаво би било но, не мора да постат ниту, пак, некој друг треба да пости за нив. За повозрасните деца се препорачува, поучно, да постат (пост на масло) како што рековме, барем последните два-три дена пред Божик. Утрото пред богослужбата младите треба да бидат гладни и жедни – информираат од црковниот храм.



Сподели го ова:

Слични објави