МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Прилепчанката Илина Кузманоска повторно освои прво место и златен медал

Сподели го ова:
























Уште еден нов, златен медал за прилепчанката Илина Кузманоска која што викендов ги освои симпатиите во Свилајнац, Р. Србија, каде што се одржа Евита Куп 2024″. Станува збор за натпревар во ритмичка гимнастика “, каде што прилепскиот клуб “Авантгард” под раководство на професорката Александра Стојаноска повторно ги покажа своите квалитети.

Од клубот, повторно најуспешна и овој пат беше Илина Кузманоска која го освои првото место во категорија “2014”, со реквизит “чуњеви”, па како резултат на тоа се закити со златен медал. Овие млади таленти се вистински амбасадори на Република Македонија, и ја претсавуваат нашата земја во вистинско светло.

Колку за потсетување, минатата 2023 година, на истиот овој натпревар, Кузманоска освои прво место, а ако направиме една компаративна анализа на изминатите години наназад, оваа талентирана прилепчанка освојуваше медали и на натпреварите во Сараево (Р. Босна и Херцеговина), Хасково (Р. Бугарија)…




Сподели го ова:

Слични објави