Во ООУ „Добре Јованоски“ -Прилеп, после 70 години е направено партерно уредување на задниот дел од дворот

Сподели го ова:
























Во ООУ „Добре Јованоски“ -Прилеп се изврши комплетно уредување на училишниот двор со бекатон плочки, клупи и корпи за отпадоци. Исто така, поставени се роло завеси во сите училници, канцелариите и ходниците. Станува збор за инвестицијата вредна околу 1.700.000 денари.

Продолжуваме со континуирани инвестиции и проекти секаде онаму каде што има потреба, со цел да им овозможиме пријатен престој на сите деца во воспитно образовните установи и подобри услови за напредок и развој во образованието” – истакнуваат од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави