Од денес во Прилеп започнува традиционалниот “Фестивал на медот и пчелните производи”
Повеќе години наназад во Прилеп, односно секоја година се одржува Фестивалот на медот и пчелните производи. Фестивалот на мед и пчелните производи “Медофест” како резултат на својот квалитет секоја година ги привлекува оние посетители кои што се заинтересирани за здравата храна. Оваа година фестивалот ќе трае од денес па се до 12-ти Октомври.
Од денес на прилепскиот плоштад, поточно кај споменикот на Крали Марко ќе биде изложен медот како и останати пчелни производи и пчеларска опрема. На овој фестивал со своите сопствени атрактивно спакувани продукти, ќе се претстават пред прилепчани членовите на прилепското здружение, а исто така ќе има и претставници од другите пчеларски здруженија од нашата земја.