Добредојдено “како кец на десетка!”Од утре вечер, следува разладување од овие пеколни горештини
Врз основа на информациите од УХМР, утре вечер и во четврток поради продор на посвежа воздушна маса од север, ќе има значително опаѓање на дневната температура.
Сето тоа ќе биде проследено и со засилен северен ветер, а претежно во северните делови ќе има услови повремен дожд. Температурите ќе паднат за 6 до 10 степени.
















