СЕКОЈА ЧЕСТ: Прилепчанецот Матеј Чатлески по втор пат “државен првак на Македонија”
На 28-то Државно првенство во бокс на Македонија кое што се одржа во Скопје, боксерскиот клуб “АС” од Прилеп освои 8 медали, односно: еден златен, четири сребрени и три бронзени медали. Имено, Матеј Чатлески по втор пат беше прогласен за државен првак на Македонија.
Врз основа на информациите на официјалната Facebook страна на боксерскиот клуб “АС” од Прилеп, Матеј Чатлески освои злато, Теодор Тошески, Максим Стојаноски, Марко Петрески како и Демир Демиров освоија сребрени медали, додека пак бронзата припадна во рацете на Стефан Иваноски, Николче Соколоски и Мануел Абдуловски.
Секоја чест прилепчани, вие сте наша вистинска спортска гордост!