Од 600 до 900 денари ќе платат прилепчани за да ја гледаат Теа Таировиќ
Една од најпознатите балкански фолк пејачки Теа Таировиќ, на 12 јули ќе одржи голем концерт во Прилеп на фудбалскиот стадион на “Паркот на Револуцијата”. Станува збор за пејачката која за кратко време се издигнаа на она ниво на кое што е денес.

Колку за потсетување, пејачката на крајот од минатата година, поточно на 16-ти декември 2023 во арената „Јане Сандански“ во Скопје одржа голем концерт во преполната арена.

