Kруме Волнароски херојски го положи животот за Македонија, а директорот на ООУ “Круме Волнароски” во Тополчани-Дејан Бунтески херојски се бори со вон-сериски сили, за да ова училиште го направи едно од најдобрите основни училишта
Kруме Волнароски пред 78 години херојски го положи животот во Народно Ослободителната Војна за конечна слобода на Македонија, а директорот на ООУ “Круме Волнароски” во Тополчани-Дејан Бунтески херојски се бори со вон-сериски сили, за да ова училиште го направи едно од најдобрите основни училишта во нашата земја. Имено, Бунтески веќе половина година, повторно е директор на ова училиште, а откако повторно е на директорското место, Бунтески презеде низа конкретни чекори за подобрување на условите во училиштето. Прилепчани, Бунтески го паметат како еден од најуспешните прилепски директори, бидејќи самиот тој раководеше и менаџираше со ова училиште до пред 4 години. Во претходниот период кога Бунтески беше директор, во интерес на учениците во ова училиште, самиот тој презеде вистински менаџерски чекори при што благодарение на него, во периодот од 2005-2016 година беа вложени околу 17.240.000,00 денари, финаниски средства со кои што се подобрија материјалните и инфраструктурните услови за работа, а исто така во овој период се реализираа и повеќе битни проекти кои што го зголемија квалитетот на образовниот-воспитен процес. Имено, централното училиште е лоцирано во Тополчани, а подрачните училишта кои се во склоп на ова училиште се лоцирани во следниве населените места: Старо Лагово, Чепигово, Клепач, Алинци, Ново Лагово, Галичании, Беровци и Загорани. Значи станува збор за повеќе училиша кои дејствуваат во склоп на централното училиште во Тополчани, па како резултат на тоа, Бунтески е оној вистински избор за директор кој што веќе по втор пат успешно се снаоѓа со целокупното менаџирање во образовниот процес.
Делегации од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп заедно со претставници на основните училиштa, положија свежо цвеќе пред бистата на Круме Волнароски во ООУ “Круме Волнароски” во Тополчани, во знак на неговиот прерано загинат живот во борбата за слободна Македонија. Уште еднаш, нека е честит патрониот празник на ООУ „Круме Волнароски“ и нека му е вечна слава!