Во Охрид, популарните “Весели ѕвончиња” и “Стоби Флипс” од Витаминка направија весела забава за домашните и странските туристи

Сподели го ова:


























Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, по барање на детската публика ширум Македонија, петокот вечерта направи вистински детски спектакл во центарот на Охрид.

И оваа година, “реки од народ” уживаат во детските музички хитови од овој најатрактивен детски музички фестивал. Во прекрасните детски мелодии, освен најмладите охриѓанчиња, уживаа домашните и странсите туристи кои го “преполнија” охридскиот плоштад и уживаа во прекрасните детски гласови.

Паралелно со детските музички хитови, охриѓани и туристите уживаа во веселиот, сладок свет на вкусови од “Витаминка” која на посетителите им подели пакетчиња од највкусниот “Стоби Флипс”.

Витаминка во своето 66 годишно постоење го создаде најголемиот свет на вкусови во Македонија и претставува составен дел од животите на неколку генерации, полни со спомени и бесценети моменти. Информативниот портал “СТАНИЦА.МК” како и секогаш, така и сега, беше ПРВИОТ МЕДИУМ од Прилеп кој од “прва рака” ги објавуваше најновите настани и случувања од овој детски спектакл кој се одржа во Охрид.




Сподели го ова:

Слични објави