Мицкоски: Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката
Премиерот Мицкоски истакна дека ќе има одговорност за Сашо Дранго – заменик-директорот на „Македонија пат“ , ако се утврди дека тој ја застрелал мечката, со која Дранго се фотографираше во месец декември.
– Доколку се потврдат овие тврдења ќе барам одговорност, и ќе биде под итно разрешен. Таквите девијантни однесувања, доколку се потврдат, јас ниту ги оправдувам – ниту имам намера да ги амнестирам – истакна Мицкоски.