СЕКОЈА ЧЕСТ! Прилепчанката Викторија Стојаноска се пласира во големото финале на Македонското талент шоу “Нови и Млади”

Сподели го ова:


























Викторија Стојаноска, е веќе добро позната по својот одличен глас на македонската јавност. Од мала пееше речиси сите години на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, a сега ја освојува и македонската публика благодарение на својот голем музички талент.

Имено самата таа, долги години посветено работи на музички план, а пред извесно време оваа музичка ѕвезда, своите обожаватели ги изненади со едно убаво-пријатно изненадување, а тоа беше каверот кој го сними за песната “Јунаци са Кошара”. Меѓутоа, она што е ново од оваа наша талентирана прилепчанка е тоа што таа оваа година учествуваше на Македонското талент шоу “Нови и Млади”, и благодарение на нејзиниот талент се пласираше во големото финале кое ќе се одржи на 10 јули.

Сите навиваме за нашата Вики!!!




Сподели го ова:

Слични објави