Во пресрет на утрешната слава “Петковден”, денеска прилепчани прережувањето на лебчињата го прават во православните храмови
Во пресрет на утрешниот празник “Петковден”-славата на голем број прилепчани, голем дел од нашите сограѓани веќе “на големо”, започнаа да ги посетуваат православните храмови во нашиот град, и да пеат лепчиња за здравје во чест на св. Петка. Нашата информативна екипа ги посети православните храмови низ Прилеп, од каде што можеше да се забележи дека прилепчани веќе започнаа со пеење на нивните лепчиња во чест на светата наша мајка Параскева Петка.
Како што претходно соопштивме, прилепските православни цркви излегоа со соопштение преку кое што испратија апел дека за оваа слава, прилепските верници лепчињата ќе ги креваат (прережуваат) во слава и чест на светителката исклучиво во храмовите, како денес, така и утре на самиот голем празник, веднаш после празничната литургија.
Нека светата наша мајка Параскева Петка се застапува за нас пред Господа, за да бидат примени нашите молитви и благодаренија. Напомош и за многу години на сите кои ја празнуваат Света Петка”.