Стојанче му одговори на Талат: Командант од УЧК ќе разрешува генерал на безбедносните сили

Сподели го ова:





























Како што информиравме претходно, Стојанче Ангелов истакна дека раководството на партијата има донесено одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата која е предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Врз основа на тоа, Талат Џафери рече дека ќе разговара за сето ова со Ангелов, меѓутоа еве што истакна во однос на сето ова – Aнгелов на социјалните мрежи:

“Колку тоа некому да не му се допаѓа, вклучително и на мене, непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е легитимен претседател на македонската Влада.

Како Премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое разрешување, подршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување.

Свесен за комплексноста на мојата професионална и политичка позиција јас благовремено го известив најпрво генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ а потоа и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Двајцата се изразија позитивно за мојата професионалност како директор на ЦУК и сугерираа дека во овој чувствителен период за државата треба да останам на чело на оваа значајна институција без разлика на политичката одлука на Достоинство за напуштање на владината коалиција.

Нивниот коректен став го објавив јавно пред неколку дена на прес конференцијата на која ја известивме јавноста дека излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ. Оттука сметам дека мојата средба со премиерот Талат Џафери, со кого од поодамна имам коректна комуникација, барем на оваа тема е излишна, бидејки, повторувам, Достоинство јавно објави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ.

Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш бил, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција. Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука” – истакна Ангелов на социјалните мрежи.




Сподели го ова:

Слични објави