|

ВИДЕО: Погледнете како цели училишта во Прилеп ги пеат хитовите на Веселите Ѕвончиња

Сподели го ова:


























Прилеп е особено горд, што има модерен детски светски бренд прогласен од страна на публиката, а тоа е најпопуларниот и најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој што наредната година во Прилеп ќе го одржи своето најново, 5-то јубилејно фестивалско издание. Како велат: “Секое прилепчанче има една цел, а тоа е од Веселите Ѕвончиња да биде дел”. Станува збор за најпопуларниот фестивал во нашата земја, а да не зборуваме за Прилеп, каде што овој фестивал НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА!

На овој прилепски детски музички фестивал настапуваат деца од повеќе градови од Македонија како што се од Скопје, Крушево, Радовиш…… Меѓутоа најголемиот број на учесници како и секоја година се од Прилеп. Фестивалот е поделен на два музички блока – детски и тинејџерски музички блок, при што во детскиот музички блок настапуваат деца од 4 до 10 години, а во тинејџерскиот музички блок настапуваат деца од 11 до 14 години.

Заради големиот интерес за учество на наредното јубилејно 5-то фестивалско издание на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се оджи во месец мај, наредната 2023 година, Веселото Ѕвонче Ве кани доколку имате од 4 до 15 години, преку Вашите родители да се пријавите на телефонскиот број на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”: 078/66-77-97. Бројот на места како и секоја година е ограничен, па затоа само најбрзите кои што ќе се пријаваат ќе ја имаат среќата да бидат учесници на фестивалот и да испеат новокомпонирана песна на наредното јубилејно фестивалско издание на најактуелен детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. 

Што се однесува до хитовите од “Веселите Ѕвончиња”, тие постојано се вртат по радио станиците, во утринските тв детски блокови по националните телевизии, постојано се пуштаат на часовите по музичко во градинките и училиштата. А еден таков Прилеп е следново видео кое што е превземено од официјалниот Facebook профил на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Во видеото се гледа како речиси цело училиште во еден глас ги пее хитовите од последното издание од Детскиот музички фетсивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Сето ова е доказ дека организаторите на фестивалот изградија препознатлив бренд за нашиот град, на кој што сме горди сите ние, како најмладите, така и ние родителите на децата и учениците, бидејќи на градот му недостасуваше ваков популарен актуелен фестивал.




Сподели го ова:

Слични објави