ЌЕ ВРИЕ ОД ВЕРНИЦИ ВО МАНАСТИРОТ НА ТОШЕ: Утре вечер и во вторник е манастирската слава на манастирот св.Преображение во Крушево
Манастирот од Тоше се подготвува за манастирската слава, посветена на големот христијански празник Свето Преображение кој ни претстои за неколку дена. Манастирот од Тоше се наоѓа над Крушево, а само пред неколку години го доби својот целосен манастирски сјај кога беше осветен од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Ако одите во манастирот на Тоше, уште на самиот влез ќе ве пречека неговиот ангелски лик, бидејќи во манастирот, на еден од ѕидовите на самиот влез е насликан ликот на Тоше, кој потсетува на нашиот непрежален ангел.
Сеуште недостасува – нели?


















