Ништо од ловот! МВР го приведе и му ги одзеде пушките за лов
На 09.10.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Б.(36) од кавадаречко село.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои ги поседувал без соодветна документација. Ј.Б. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.