Ова го има само во Прилеп! Во срцето на градот, 1200 ученици го формираа македонското знаме

Сподели го ова:


























Со голема гордост, денес во Прилеп се продолжува традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Оваа година, повторно 1200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме. Возобновувањето на оваа прекрасна традиција ја зацврстува нашата љубов кон татковината и нејзините вредности, а воедно е дел од богатата програма посветена на 11 Октомври.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината. Да живее Република Македонија! – порача прилепскиот градончаланик Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави