Нека е за многу години! Вечерва, граѓаните ја слават Православната Нова година
Вечерва и утре е празникот кој што е посветен на св.Василиј Велики, при што граѓаните ја слават Православната Нова година, или позната како “Стара Нова година”. И оваа година, во духот на христијанството, граѓаните го одбележуваат големиот христијански празник Василица, доследни за вековната традицијата за овој празник кој што според обичаите во Прилеп се празнува во кругот на семејството со ставање на паричка во домашното лебче.
Имено, св. Василиј е роден во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики со полна заслужност.















