И покрај Пивскиот фестивал, Јовчески најде време да го почувствува “Вкусот на ливадите”

Сподели го ова:
























Викендов кој измина, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и покрај Пивскиот фестивал, најде време да ја посети манифестацијата „Млеко 2023: Вкусот на ливадите “ која што втора година се одржа во центарот на нашиот град.

“Млеката и сирењата се производ на животното кое се произведува заедно со човечко посредување, но пред сѐ тие се производ на едно место кое е под влијание на локалната клима, вегетација, геологија и други фактори – тоа е ЛИВАДАТА. Млеко од местата каде тревата расте сама, флората е богата и разновидна, а животните слободно пасат каде што сакаат, неизбежно ќе биде одлично млеко од кое се прави најубавото сирење. Како градоначалник на Прилеп, општина со богата традиција во производство и продажба на сирење како што е надалеку прочуеното мариовско биено сирење, упатувам благодарност до Здружението „Слоу Фуд Прилеп“ како и до целата мрежа на „Слоу Фуд Македонија“ за овој фестивал посветен пред се на млечните производи, но и на сите други производи кои се тесно поврзани со ливадите.

За овој настан ние како Општина Прилеп дадовме максимална поддршка се со цел тој да биде двигател на руралниот развој. Имавме успешно второ издание на фестивалот и уверен сум дека сите заедно можеме да придонесеме за подобра иднина на македонското сточарство и млекарство” – нагласи Јовчески.

+ 20

Сите реакции:

283283




Сподели го ова:

Слични објави