Вечерва, градот Прилеп беше домаќин на трибината на која говореа премиерот Мицкоски заедно со неговиот тим
Денеска, градот Прилеп беше домаќин на трибината на која говореа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со министрите Гордана Димитриеска Кочоска, Стефан Андоновски, директорката на УЈП Елена Петрова и пратеникот Бојан Стојановски.

На трибината беше истакнато дека економскиот раст, дигиталната трансформација се веќе започнати и дека за брзо ќе следат уште многу позитивни ефекти за прилепчани.


















