ВИДЕО: Лашкоска бара зголемување на надоместокот за родители и старатели

Сподели го ова:





























На вчерашната собраниска седница во Собранието на Република Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, преку свое конкретно излагање од собраниската говорница, побара од СДСМ и нивната коалиција директна поддршка за ПЗ за заштитата на децата, и за финансискиот надоместок за родители и старатели.

Веднаш после тоа, Лашкоска се огласи на социјалните мрежи при што истакна:

Не даваат поддршка за ПЗ за заштитата на децата со што би се зголемил финансискиот надоместок на родители и старатели, ама затоа со две раце колегите од власта поддржаа разгледување на закони за зголемување на плати на судии и обвинители! #8%ДовербаВоСудство“-истакна Лашкоска.

Целосното обраќање на пратеничката Ане Лашкоска на вчерашната собраниска седница во Собранието на Република Македонија, можете да го погледнете во прилог на оваа објава:




Сподели го ова:

Слични објави