Неколку прилепски села со неисправна вода за пиење!
Во три населени места во прилепскиот регион, водата за пиење е неисправна.
Станува збор за селата Алинци, Загорани и Лагово, каде водата не смее да се користи за пиење. Што се однесува пак до водата од водоводната мрежа во с.Веселчани – таа може да се пие бидејќи истата одговара за употреба.