БУРЕКЏИЛНИЦИТЕ “ЧЕ” ТРИЈАТ РАЦЕ: Бурекот со паричка – василичарска традиција која продолжува од генерација на генерација
И оваа година во духот на христијанството, прилепските граѓани симболично со парче бурек, греано вино и топол чај ќе го одбележат празникот Св. Василиј Велики – Василица! Станува збор за василичарска традиција која продолжува од генерација на генерација, а очигледно е дека од зголемената побарувачка на пити и буреци, и бурекџилниците за овој празник “че” тријат раце и ќе заработат некој денар плус.
Целта на празникот е да се испочитува вековната традицијата за празникот Василица, која што според обичаите во Прилеп се празнува во кругот на семејството со ставање на паричка во пита, бурек или пак тркалезно лебче.
