Наставници, ученици и родители упатуваат посебна благодарност до Влатко Кузманоски директорот на ООУ Кире Гаврилоски-Јане, за посветеноста и безрезервната поддршка што ја дава при реализација на сите воннаставни и дополнителни активности
Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и Претседателот на Советoт на Општина Прилеп, денес на 145 ученици од Прилеп, им доделија парични награди и пофалници за освоени места на државни и меѓународни натпревари во учебната 2022/2023 година. Голем број од нив доаѓаат од ООУ Кире Гаврилоски-Јане, училишето кое што од ден на ден, добива се помодерен лик.
“Наставниците ментори, учениците од нашето училиште и нивните родители упатуваат посебна благодарност до нашиот Директор Влатко Кузманоски за посветеноста и безрезервната поддршка што ја дава за реализација на сите воннаставни и дополнителни активности, за да можат да се постигнат ваквите успеси. Денес на учениците кои освоија награди на Државни и Меѓународни натпревари, нашата Општина им додели Пофалници и вредносни ваучери. Меѓу наградените беа и нашите ученици и ментори. Благодарност до претседателот на Советот на општина Прилеп Дејан Проданоски, до градоначалникот Борче Јовчески за ваквиот настан. Насмевката на детските лица за вреднување на нивниот вложен труд е највредното нешто. Ваквиот мотивирачки потег е од огромно значење за учениците и за нивните ментори. Вреди да се вложува во знаење, да се вложува во децата затоа што на нив останува иднината. Честитки до сите ученици и ментори, и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина” – истакнуваат од ООУ Кире Гаврилоски во нивната објава на социјалните мрежи.