Марко Ристески од Прилеп го извади светиот крст од осветените води

Сподели го ова:


Марко Ристески од Прилеп го извади светиот крст од осветените води во црквата „Свето Благовештение“ (Стара Црква) во Прилеп. При денешното фрлање на крстот учествуваа повеќе дечиња кои ја задржаа симболиката на овај голем празник. Имено, Марко е осмоооделенец во ООУ “Рампо Левката”-Прилеп, има 13 години и за прв пат скока по светиот крст. На оваа манифестација, присуствуваа и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Заменик Градоначалникот на Општина Прилеп-Ирена Стерјовска, како и Претседателот на Советот Дејан Проданоски кои му посакаа здравје среќа и берикет на Марко Ристески, а воедно го даруваа со пригодни подароци во знак на христијанскиот дух и традиција.





Сподели го ова:

Слични објави