Битолскиот градоначалник на средба со културните работници

Сподели го ова:





























Културните работници од Битола и градоначалникот Тони Коњановски развија дискусија за Програмата за култура на Општина Битола за оваа година, со цел запознавање на јавноста со оваа програма која, како што беше кажано ќе донесе освежување на културната понуда во 2026.

“Ние како локалната самоуправа, преку своите сектори, општинските и националните културни установи и здруженијата на граѓани, сме во непосреден контакт со граѓаните.

Кажав дека Програма за култура на Општина Битола има цел да го направи културниот живот во Општината побогат, поразновиден, подинамичен и поквалитетен. Истовремено, културата се третира како развоен потенцијал за културен туризам и локален економски раст.

Предмет на Програмата која се носи секоја година, се сите активности, проекти и манифестации што ќе се реализираат во текот на 2026 година, а кои се од витален интерес за културниот развој на Општина Битола.

На тркалезната маса свои обраќања имаа и првите луѓе на неколку институции и организации кои се дел од програмата, како што е Камерниот оркестар на Битола, потоа Битолскиот оркестар Дива од каде најавија нови проекти, тука беше и Дувачкиот оркестар, потоа организаторот МКЦ на „Битола отворен град“, Националните установи Битолски народен театар, Центарот за култура и Културниот и информативен центар.

Сите тие се заблагодарија на поддршката што ја добиваат од нас како Општина, но и од меѓусебната соработка.

Сакам да потсетам дека Општина Битола е транспаретна општина и на својата интернет страница веќе ја има објавено програмата за поддршка на настаните од областа на културата” – истакна градоначалникот Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави