Нашата земја е втора во светот по бројот на невакцинирани деца

Сподели го ова:























Република Македонија е на второто место во светот по бројот на деца, кои што не примиле никаква вакцина од своето раѓање, а сето ова го покажува глобалниот извештај на УНИЦЕФ. Во овој извештај, се анализирани податоци за 55 земји во светот од кои што вкупно 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија. Во извештајот се наведува дека довербата во вакцините е значително намалена, и тоа особено по завршувањето на пандемијата.

„Загрижувачки е фактот дека по пандемијата довербата во детските вакцини значително падна. Имунизацијата е една од најголемите успешни приказни на човештвото. Тоа доведе до искоренување на болести како што е сипаницата и спаси животи на милиони луѓе од опасни болести, вклучително и мали сипаници и детска парализа. Не смееме да дозволиме бранот и стравот од дезинформации, кои беа многу зголемени од пандемијата, да донесат опасност по животите на децата“ истакна Патрисија Ди Ховани, претставничка на УНИЦЕФ за Македонија.



Сподели го ова:

Слични објави