Денеска, 35 минути по полноќ беше целосно изгаснат пожарот кој што настана во текстилната фабриката во Прилеп
Со повеќе од 20 пожарникари и 10-тина противпожарни возила, ТППЕ Прилеп вчера непрекинато работеше на локализирање на пожарот кој што изби во текстилната фабриката “Tilla” во Прилеп. Денеска, 35 минути по полноќ беше целосно изгаснат пожарот кој што настана во текстилната фабриката во Прилеп.
Свој придонес во оваа интервенција дадоа ЈКП Комуналец – Прилеп и ЈКП Водовод и канализација – Прилеп за поефикасно решавање на оваа ситуација. На лице место на настанот увид изврши и градоначалникот Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет, Дејан Проданоски.