ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Од рано утрово вредните домаќинки ги бојадисаа велигденските јајца

Сподели го ова:


























Во сите градови во нашата земја вредните домаќинки ја продолжија традицијата, и уште од рано утрово ги вапцаа велигденските јајца-што претставува всушност и главен обичај што се изведува на овој ден.

Според обичајот, прво се вапцуваат три јајца – а потоа и другите. Првото јајце според традицијата е посветено на Господ и се вика Господово јајце, и служи за здравје, среќа и берикет во домот и фамилијата.

Имено, голем број на верувања и обичаи се врзуваат со првто јајце за кое постои уверување и верување дека самото тоа поседува голема моќ. Во прилепските семејства откако ќе се бојадиса првото јајце се става пред иконата во домот. Големо чудо е тоа што првото вапцано јајце не се расипува ниту по години, а сето тоа претставува доказ дека нашата Христова Православна вера е жива, и дека сето ова е само уште еден жив доказ дека Бог постои, тој е помеѓу нас- сега, секогаш и во вечни векови!




Сподели го ова:

Слични објави