На патот за с.Лениште, прилепско, МВР пронајде марихуана
На 28.02.2025 во 23 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на патот за с.Лениште,прилепско, пронашле паковка во која имало марихуана и прашкаста материја.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информира МВР.
На 28.02.2025 во 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Горан Миноски” во Прилеп го лишиле од слобода М.Т.(35) од Прилеп, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
















