| |

АИРЛИЈА! Од денес започнува “ски – сезоната” во магичното Крушево

Сподели го ова:


























На изгрејсонце, Крушево здогледано од подножјето на Баба Планина, блескоти како бисерче тукушто извадено од вода. А од подножјето има уште пет до шест километри. Град меѓу повисоките во светот, a највисок на Балканот.  Во Крушево, највисокиот град на Балканот, на Станич е формирана снежна покривка, и од денес веќе ОФИЦИЈАЛНО започнува ски – сезоната во Крушево.

Голем дел од предвидувањата на синоптичарите се остварија, при што сега во Крушево горе на Станич има одлични идеални услови за скијање, убаво планинско сонце и идеални услови за одличен одмор. Со други зборови, Крушево веќе ја има добиено преку снегот онаа препознатлива зимска убавина која што претставува главно туристичко оружје за привлекување на туристите.

Ајде сите на Станич, скијачките терени во Крушево се прекрасни посебно за најмладите, меѓутоа овие скијачки терени ги користат и оние поискусни скијачи.




Сподели го ова:

Слични објави