ПОГЛЕДНЕТЕ! Богата програма за градската слава св. Никола во Прилеп

Прилеп започна со подготовките за организирањето на градската слава „Св Никола“ и традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2023“. Калиопи ќе одржи концерт на 19.12.2023 на самиот ден св. Никола во Прилеп.
Покровител на турнирот е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот, заедно со генералниот спонзор, компанијата Комфи Ангел која што годинава е и домаќин на градската слава и се разбира со поддршка на други општествено одговорни компании и Регионалната Стопанска Комора – Прилеп.

Турнирот секогаш има и хуманитарен карактер, така да, се надеваме дека и оваа година ќе обезбедиме доволно средства а дел од нив на крајот ќе се доделат онаму каде што има потреба.
Патронот на градот односно нашата градска слава „Св. Никола“ ќе ја чествуваме оваа година во еден прекрасен нов концепт но се разбира во духот на нашат христијанска вера и традиција.
Јас во оваа прилика како градоначалник сакам сите вас почитувани сограѓани да ве поканам заедно на традиционалниот светиниколски ручек на 19ти декември во центарот на градот и заедно да го чествуваме нашиот патрон на градот, а исто така ве поканувам сите и заедно да го проследиме традиционалниот турнир во мал фудбал „Св Никола 2023“ од 8-24 декември во нашите училишни спортски сали на Добре Јованоски и Ристе Ристески-Ричко.
Локалната самоуправа на Општина Прилеп води грижа како за нашата традиција така и за создавањето на нови моменти и успешни манифестации и прослави.
Се надевам дека заедно во духот на христијанството и во еден спортски дух ќе ги одбележиме и реализираме овие настани.