Изминатата недела Комфи Ангел ја посети делегација на Jапонската Амбасада во Скопје, која беше предводена од Амбасадорот Sawada Hironori

Сподели го ова:


























Изминатата недела Комфи Ангел ја посети делегација на Jапонската Амбасада во Скопје, предводена од Амбасадорот Sawada Hironori. Во рамките на посетата, амбасадорот имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствениот асортиман и со производствените можности.

Во текот на презентацијата беа истакнати големиот број проекти што ги реализира Комфи Ангел како и заложбите во делот на општествената одговорност.

По официјалниот дел, при обиколката на производствените капацитети амбасадорот Hironori имаше можност да стекне увид во целокупниот процес на производство, како и од прва рака да ги увиди имплементираните системи Kaizen и 5S кои потекнуваат токму од јапонската бизнис пракса.




Сподели го ова:

Слични објави