ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата
Слободата на медиумите е ‘рбетот на демократијата, но денес таа се соочува со опасни предизвици , дури и во срцето на Европа. Претходно наведеното, всушност ја претстатвува централната порака по повод Светскиот ден на слободата на медиумите од европските институции.

„Рамнодушноста не е опција“ – предупреди Сабине Верхајен од Европскиот парламент, кој се повика на постојана будност и активна заштита на медиумите.

















