На денешен ден пред 30 години беше изгласан првиот Буџет на Република Македонија

“На денешен ден, пред 30 години, беше изгласан првиот Буџет од прогласувањето на независноста на нашата земја. Оттогаш, секоја година на предлог на Министерството за финансии, Владата го предава предлог-буџет до Собранието, во кој се планираат средства за економски развој, за капитални проекти, за здравство, образование, безбедност, екологија, наука и култура. Во добрите времиња Буџетот го поттикнува развојот, во време на криза дава поддршка за пребродување на истата. Буџетот е од граѓаните – за граѓаните”- се вели во дел од објавата на Фатмир Бесими на социјалните мрежи. Што мислите Вие, дали Владата наменски ги троши средствата од Буџетот во интерес на граѓаните??