ГАЛЕРИЈА: Трите мали зајачиња во “Паркот на револуцијата” се вистинска атракција за најмладите прилепчанчиња
Колку е убав Прилеп-нашиот Прилеп, посебно кога е пролет, и кога насекаде низ прилепските улици мириса на оној пролетен мирис, мирис кој што дава спокој на секоја човечка душа. Насекаде мириса на пролетен расцветан цвет, а и време е – нели? Нашата екипа беше во Паркот на револуцијата-на нашата прилепска Могила, која што како вистинска пролетна убавица на априлското сонце позираше пред објективот на STANICA.MK. А таму во паркот, трите мали зајачиња во “Паркот на револуцијата” претставуваат вистинска атракција за најмладите прилепчанчиња. Овие три мили животинки постојано се дружат со децата, кои се најредовни посетители во паркот. Во прилог, погледнете ги сликите кои што нашата информативна екипа ги направи со трите зајачиња кои како што потенциравме претходно, претставуваат вистинска атракција за нашите најмили прилепчанчиња, па така да, ако сте слободни денес после работа, можете да го посетите Паркот на револуцијата и додека е сеуште ден, да се опуштите од работните обврски, да уживате со Вашите деца во пролетта, убавата чиста прилепска могила, како и во убавите сончеви зраци. Убавината и спокојот се во едноставните, убави нешта- Нели??