Oд денес фотоволтаичниот систем на “ЈКП Пазари”е повторно во употреба

Сподели го ова:


Големата енергетска криза и порастот на цената на електричната енергија како за домаќинствата, така и за правните лица стана предизвик со кој и најголемите и најмоќните компании тешко се соочуваат. Трошоците за електрична енергија во голем број од компаниите се зголемија од четирикратно до осумкратно, што значи нарушување на редовното работење на истите. Јавното Комунално Претпријатие Пазари, како и сите останати приватни и јавни организации, го почувствува ударот од зголемувањето на цените на енергенсите, посебно од зголемувањето на цената на електричната енергија.

Затоа, првата работна задача на ВД Директорот Игор Крстески, беше ставање во функција на фотоволтаичниот систем кој повеќе од десет месеци беше надвор од функција.

После долги преговори, проектот е успешно реализиран, ставен е целосно нов инвертер и од денес фотоволтаичниот систем е повторно во употреба.





Сподели го ова:

Слични објави