Проданоски испрати уште една моќна порака до македонските граѓани

Сподели го ова:


























Денес се навршуваат 157 години од раѓањето на македонскиот професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација-Ѓорче Петров. Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош-Прилеп, а загинал на 28 јуни 1921 година во Софија. По повод 157 години од раѓањето на македонскиот револуционер, прилепчанецот Ѓорче Петров, Претседателот на Советот на Општина Прилеп-Дејан Продановски на својот Facebook профил сподели еден конкретен-моќен текст кој што е цитиран од “материјалите по изучувањето на Македонија“ од 1896 година. Имено, еве што точно објави Проданоски:

“Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки и потоци од окружувачките им водести планини, тие полиња преставуваат места каде што се излеал сиот Божји благослов на земјата. Покриени со бујна, шарена растителност, тие се цветници многу пријатни за гледање, грижливо обработени од густото и трудољубиво население тие се вистински градини! Јас сум уверен, дека и швајцарските полиња би позавиделе на некои од нејзините полиња за плодноста, красотата и нивната свежина”Ѓорче Петров (02.04.1865-02.04.2022) „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896”-се истакнува во денешната објава на Проданоски. Дејан Проданоски преку оваа цитирана објава сака да испрати уште една моќна порака до македонскиот народ, дека нашата библиска Македонија која е благословена од Бог, како историска земја ги има сите оние потребни природни услови за живеење, а наше е како македонци да се движеме и постојано да чекориме по оној патриотски-светол пат, по кој пред години и години се движел и самиот Ѓорче Петров, се со цел за да Македонија биде оној вечен сјај, сјај кој што постојано ќе ги топли срцата на сите македонци кои сакаат да си го сочуваат ова наше библиско, и пред се, од Бога благословено парче земја.




Сподели го ова:

Слични објави